Испечати

Винчини куп со шумско овошје

Винчини куп со шумско овошје

Состојки

  • 20 тортици винчини
  • 300мл. слатка павлака
  • 100гр. мешавина од шумско овошје(замрзнато)
  • 3 лажици алми крем
  • 1 лажица мармалад од шумско овошје
  • за декорирање течна чоколада Винчини и цимет

Подготовка

Убав едноставен и брз колач...
Започнуваме со матење на слатката павлака. Кога ни е добро изматена ги додаваме раскршените тортици винчини, шумското овошје, кремот алми,мармалодот од шумско се добро соединуваме. Јас направив мини торта или куп може и да се сервира во чаши.
На крајот декорирате со течна чоколада и цимет.
На здравје!!!