Испечати

Компир салата со туна (посно)

Компир салата со туна (посно)

Состојки

  • 3 компири
  • 1 голема конзерва туна
  • 4-5 кисели краставички
  • 2 млади кромитчиња
  • сол, пимент, масло, киселина по вкус
  • по желба сечкан магдонос

Подготовка

Сварете ги компирите. Излупете ги и исечете ги на парчиња.
Ставете го во длабок сад и во него додадете ги исечкани краставичките, кромидот и магдонос ако сакате. Јас немав и тешко можам да зачувам подолго време свеж магдонос дома, а како и млад кромид немав доволно го измешав со млад лук (и така беше супер).
Посолете и додадете зачини, масло и киселина по вкус, измешајте и послужете.