Плескавици од мелено месо и ориз
Состојки
- 0,5 кг мелено месо
- 1 главица кромид
- 60 гр ориз (користев басмати)
- 1 јајце
- 2 лажици презла
- мала киска магдонос
- 1 морков
- зачини - вегета, пимент, лук во прав, чубрика, италијански зачини
Подготовка
Сварете го и исцедете го оризот.
Во длабок сад ставете го меленото месо и оризот.
Кромидот и морковот изреднајте ги, а магдоносот ситно исечкајте го.
Додадете ги сите состојки со се зачините и убаво измесете до рамномерност.
Од смесата правете плескавици и пржете ги во во грил тава со малку масло.