Ориз во тава со слатка пченка (посно)
Состојки
- 1 кромидче
- 1 морков
- 420 гр. слатка пченка (од конзерва)
- 2 лажици масло
- 1 филџан вода
- малку сол
- 400 гр. ориз
- 1 лажица сув зачин
- малку црн пипер и шарена сол
- 1,2 литри топла вода
Подготовка
Уште една варијанта на посен ручек.
1. Се пушта рерната да се загрева на 220 степени.
2. Во тава бр.28 се става сечканиот кромид и морков, исцедената слатка пченка од конзерва, малку сол, водата и маслото.
3. Се пржи да испари водата и да се запржат состојките.
4. Се додава оризот, се пржи додека да застакли.
5. Се става малку црн пипер, шарена сол и сувиот зачин, се пржи на среден оган.
6. Се тура топлата вода и кога ќе почне да врие течноста, со мешање се остава да крчка неколку минути, а потоа тавчето се става во загреаната рерна.
7. По 10 до 15 минути рерната се намалува на 200 степени и стои во рерна додека да се свари оризот и малку да се потпече.