Солен декоративен ролат
Состојки
- За кора
- 6 јајца
- прстофат шеќер
- 1/2 лажиче мало сол
- 6 лажици масло
- 2 лажици кисела павлака
- 1 лажица мајонез
- 100 гр. просеано брашно со
- 1 пециво и
- малку куркума-на врв од лажиче
- За декорација на кората
- неколку сецкани маслинки
- 1 варен и исечен на ленти морков
- неколку сецкани перца од млад кромид
- неколку ливчиња магдонос
- За фил
- 100 гр. потпечен сусам
- 150 гр. рендано сирење
- 200 гр. сецкана шунка
- 400 гр. кисела павлака
- 1 варено и рендано јајце
- 1 варен и рендан морков
Подготовка
Се двојат белките од жолчките.
Белките се матат со прстофат шеќер и солта во цврст снег.
Жолчките се матат, па им се додава маслото, киселата павлака и мајонезот.
Потоа се додаваат помешани брашното, пецивото и куркумата.
На вака изматената смеса на два-три пати се додава снегот од белките соединувајќи со лопатка.
Во плех (32×39) се става хартија, над неа маслинките, лентите морков, ливчињата магдонос и сецканите перца од млад кромид.
Се излева смесата.
Се печи 13 мин. на 180 во загреана рерна или секој според рерната.
Се витка во влажна пацета. Се остава целосно да се излади.
Филот се подготвува на тој начин што сите наведени состојки за него се мешаат, соединуваат.
Се филова кората, декоративната страна од надвор да биди,убаво се рола, се витка во стреч фолија и да отстои во фрижидер неколку часа или преку ноќ.
Потоа се сечи и сервира.
На здравје! -)
п.с. Од филот ми остана малку, што значи можи да намалите од количините на состојките, или пак си направите неколку бомбици...)))