Бисквитна торта со два фила (без печење)
Состојки
- 600 гр Винчини бисквити
- Фил со ореви
- 150 гр мелени ореви
- 100 мл млеко
- 125 гр путер
- 100 гр шеќер во прав
- Фил со лешници
- 2 пудинзи (карамел)
- 600 мл млеко
- 5 лажици шеќер
- 125 гр путер
- 3 лажици Чокола крем од Винчини
- 150 гр потпечени лешници
- 100 гр шеќер во прав
Подготовка
Сварете го пудингот со 5 лажици шеќер и млекото и оставете го да олади.
Путерот избијте го со шеќерот во прав, додајте ги трите лажици чокола крем и постепено додавајте од оладениот пудинг. На крајот додајте ги измелените потпечени лешници.
За филот со ореви, зовријте го млекото и ставете ги во него измелените ореви. Промешајте убаво и оставете го да се олади.
Избијте го путерот со шеќерот во прав и додајте ги оревите. Промешајте.
Филот со лешници поделете го на два дела, со тоа што ќе оставите неколку лажици на страна за премачкување на тортата одозгора.
Бисквитите кратко макајте ги во млеко.
Редете ред бисквити, половина од филот со лешници, бисквити, филот со ореви, бисквити, другата половина од филот со лешници, бисквити и одозгора танко премачкајте ја со фил од лешници.
Украсете по желба, јас ја испрскав со чокола прелив.