Кекс со моркови и ореви (посно)

Состојки
- 25 лажици млака вода + 25 лажици шеќер
 - 25 лажици масло
 - 25лажици брашно
 - 5 моркови рендани
 - 12лажици мелени ореви
 - 1 кесичка прашок за печиво
 - 1/4лажичка сода(на врв на лажиче)
 - 1цела кора рендана од портокал
 
Подготовка
Уште еден во низата посни рецепти кои се неизоставен дел од трпезата во овај период.
Се намастува правоаголно плехче (35*30)  со масло и се става брашно.На страна
во сад се ставаат водените состојки, во нив се додаваат сувите состојки претходно измешани заедно. Се меша се заедно и се тура во плехчето да се печи во рерна која прво ја загреваме на 200 степени а откако се стави да се печи внатре се намалува на 180,се печи 40 мин.На ладен кекс најгоре се посипува шеќер во прав.