Испечати

Брускети со Сардина

Брускети со Сардина

Состојки

  • 1 паковка риба сардина
  • 2 чешниња лук
  • 100 гр маслинки
  • 1 багетче
  • 1 главица кромид
  • 1 лимон
  • 2 лажици маслиново масло

Подготовка

За подготовка на овој убав рецепт, потребно е на почетокот да го испасираме лукчето. Го попрскуваме со сок од половина лимон.
Му додаваме 2 лажици маслиново масло.
Смесата ја оставаме да се соедини убаво. Го сечеме багетчето на рибанчиња, па секое рибанче го премачкуваме.
Рибата сардина ја сецкаме на појадро и и додаваме ситносецкан кромид. Посолуваме.
Ги премачкуваме сите рибанчиња со рибата.
Ги декорираме со парчиња лимон и маслинка.
Нека ви е слатко.