Хумус со ореви (посно, без масло)
Состојки
- 350 гр варена леблебија(наут)
- 60 гр ореви
- 3-4 лукчиња
- 1 лажичка сенф
- 1 лажичка таан
- 1/4 лажичка бибер
- 1/4 лажичка куркума
- сол по вкус
- сок од 1/2 лимон
Подготовка
Сакам лесни и едноставни рецепти, еве еден таков, посен и вкусен намаз.
Подготовка
Сите состојки ги ставаме во голема чаша од Нутрибулет/блендерот и ги мелеме. Хумусот ни е подготвен. Нека ви е наздравје!
Забелешка
Доколку сакате можете да ги потпечете оревите, така хумусот ќе има поинаков шмек.
Ако не сте на пост без масло, можете да си додадете и 2-3 лажици маслиново масло.
Овој пат користев леблебија од тегла, а течноста искористете ја за да си направите преубав посен шлаг.