Испечати

Лиснати ѓевреци со сланина и кромид

Лиснати ѓевреци со сланина и кромид

Состојки

  • 600 гр брашно
  • 200 гр млеко
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажица шеќер
  • 1 сув квасец
  • 2 лажици зејтин
  • 150 гр чадена сланина
  • по потреба кромид

Подготовка

Во просеаното брашно додајте квасец, сол, шеќер, топло млеко, зејтин и замесете тесто.
Оставете го на топло место да стаса.
Тестото рассукајте го во пласт намачкајте, со маргарин и здиплете го. Втор пат исто рассукајте намачкајте со маргарин и здиплете. Трет пат рассукајте на подовина од тестото ставете ситно сечена сланина и кромидче. Прекријте со друга половина од тесто. Разсукајте тесто дебелина да биде 0.5 см. сечете на ленти. Секоја лента превиткајте и залепете кревите така да ви испадне ѓеврек.
Ѓевреците наредете ги во тепсија и оставете да постојат 20 минути.
Премачкајте ги ѓевреците со јајце и наросете со сусам.
Печете во загреана рерна на 220 степени околу 35 минути.
Добар апетит!