Испечати

Солени декоративни векни

Солени декоративни векни

Состојки

  • 2 јајца
  • 1 лажица сол
  • 2 филџана масло
  • 150мл. вода
  • 150мл. јогурт
  • 300мл. млеко
  • 2 свежи квасца
  • 2 лажици шеќер
  • за фил
  • 300гр. свинска печеница
  • 300гр. кашкавал
  • 300гр. сирење
  • кечап,оригано,жолчка за премачкување и сусам
  • околу 1 кг брашно или по потреба

Подготовка

Подготовка
Загрејте го млекото и ставете го квасецот со малку брашно и шеќер да надојде. Потоа додадете ги останатите состојки. Замесете убаво, мазно и меко тесто кое нема да се лепи за рацете.
Оставете го во садот, покријте го со крпа и оставете го на топло место додека да нарасне.

На намасната површина извадете го тестото од садот и поделете го на 4 еднакви делови. Доколку има потреба поделете го на повеќе делови. Од секој дел посебно расукајте една правоаголна кора која ќе ја премачкате со кечап насолете оригано и наредете ред кашкавал ред печеница. Секоја кора ја мотаме во ролат и ја затвараме на краевите. На останатите два ролата им наросуваме сирење и ги формираме во ролати. Вака подготвените ролати ги оставаме да подстасаа околу дваесетина минути. Премачкуваме со жолчка и наросуваме сусам.
Ролатите се печат на 220 степени околу половина час се додека не добијат убава златна боја.Ролатите изладете ги убаво и тогаш сечете ги.
На здравје!!!