Чоколадни ромбови
Состојки
- 300 мл млеко
- 300 гр чоколадо
- 350 гр чајни колачи Дониа
- 225 гр наполитанки Винчини со млеко и какао фил
- 1/4 лажиче екстракт од бадем
Подготовка
Првичната намера на овој рецепт беше да е непечена торта, но спрема цврстината испаднаа одлични вкусни колачи. Обидот за торта, сепак ќе се повтори во следна прилика веќе со поголема јаснотија хаха...
Ставете го млекото да се загрева заедно со искршеното чоколадо додека се` убаво не се спои и зоврие.
Чајните колачиња сомелете ги, а наполитанките издробете ги.
Додадете ги во врелата смеса заедно со екстрактот и убаво измешајте.
Содржината израмнете ја во калап 24 и оставете неколку часа да се стегни во фрижидер.
Потоа извадете ја страницата на калапот и исечете мали ромбоидни парчиња.