Испечати

Крем компир салата со кисела краставица и маслинки

Крем компир салата со кисела краставица и маслинки

Состојки

  • 500гр компир
  • 3 млади кромидчиња
  • 1 кисела краставичка
  • 5-6 маслинки каламата
  • 1 лажиче сок од лимон
  • сол и бибер по вкус
  • 1 кисела павлака
  • 1-2 лажици мајонез

Подготовка

Во касерола налеваме вода, додаваме малку сол, и додаваме измиени компири.
Од кога се сварени компирите ја цедиме течноста, оставаме да се подизлат,
потоа ги лупиме и ги сецкаме на коцки.
Во еден сад ги соединуваме ситно сецканиот млад кромид, сецканите маслинки, краставичката, зачинуваме.
Додаваме кисела павлака, мајонез, соединуваме.
Сервираме како прилог на пржена рипка.