Испечати

Пилешко во тесто со пиво (пилешки прсти со пиво)

Пилешко во тесто со пиво (пилешки прсти со пиво)

Состојки

  • 2 парчиња саламурен стек
  • За смеса
  • 250 гр. брашно
  • 200 мл. пиво
  • 2 јајца
  • малку мешан сув зеленчук, мелен црн пипер
  • Уште ни е потребно
  • по потреба масло за пржење

Подготовка

Стекот се сечи на ленти.

Во длабок сад се ставаат наведените состојки за смесата и се миксира со миксер, да се добие еднолична смеса.
Се остава во фрижидер да отстои 1 час.

Потоа во садот се ставаат по неколку ленти од стекот, убаво се потопуваат, да се налепи убаво од кашата на месото и со вилушка се става да се пржат во длабока загреана мрснотија на умерен оган. Треба убаво да поруменат од двете страни.

Се вадат на кујнска хартија.

За сосот помешав 2 лажици сенф, 1 мајонез, 1/2 лажица мед и малку балсамико.

На здравје!