Испечати

Овесни вафли со бадемово млеко и кокосово масло

Овесни вафли со бадемово млеко и кокосово масло

Состојки

  • 200 гр овесно брашно
  • 2 јајца
  • 100 гр кокосово масло (стопено)
  • 240 мл бадемово млеко (или друго во замена)
  • 3-4 лажици мед
  • 1 и 1/2 лажиче сода
  • 1 и 1/2 лажиче цимет

Подготовка

Убави, вкусни и здрави вафли
Од оваа доза излегуваат околу 8-10 вафли во зависност од калапот.
Сите состојки се мешаат и се печат во калапот за вафли.
Одозгора можете да ги прелиете со било кој крем по желба, плус овошје какво имате.