Испечати

Домашно чоколадо со гоџи бери и фстаци (посно)

Домашно чоколадо со гоџи бери и фстаци (посно)

Состојки

  • 2-3 големи лажици мед
  • 60 мл кокосово масло
  • 30 гр органско какао во прав
  • по потреба Гоџи бери од Натура
  • 50 гр ф`стаци

Подготовка

Во сад на тивок оган ставете ги медот, маслото и какаото и мешајте додека не се соединат состојките. (Внимавајте да не зовриете, доволно колку да се стопи кокосовото масло и медот)
Во смесата додајте гоџи бери и фстаци.
Во калап за мафини наместете хартиени корпи и наполнете.
Одозгора наросете по неколку од состојките. Ставете во фрижидер да се формира убаво домашно здраво чоколадо.
Доколку сакате веган, медот заменете го со јаворов сируп.