Солени лути бомбици
Состојки
- 150 гр. изварка
- 100 гр. рендано сирење
- 100 гр. рендан кашкавал
- 50 гр. потпечени и сецкани ореви
- 1/2 сецкано луто пиперче
- 1 чешне ситно сецкано лукче
- малку мелен црн пипер
Подготовка
Брзи, лесни, вкусни бомбици.
Се’ се меша и се обликоваат бомбици.
Нека отстојат во затворена кутија во фрижидер најмалку 2 часа, за да се спојат вкусовите и послужете.
Толку....
На здравје!