Оброк салата со црвен грав
Состојки
- 1 конзерва црвен грав
- 1 домат
- 1 краставица
- 1 виолетов кромид
- 1 бел кромид
- Неколку гранчиња магдонос
- Прстофат оригано
- 1/2 лажичка бибер
- Прстофат власец
- Сол по вкус
- Маслиново масло по вкус
Подготовка
Гравот го цедиме од течноста. Доматот и краставицата ги сечкаме на ситни коцки. Кромидот го сечкаме на кругови или по желба. Ги додаваме зачините, маслото и убаво промешуваме.
Забелешка
Можете да ставите и лажица балсамико оцет, ама тоа ви го оставам на вкусот.