Кокосов колач со мусли (посно)
Состојки
- 150 гр Натура мусли со тропско овошје
- 100 гр посни бисквити
- 100 гр кокосов путер
- 4 лажици сок од цеден портокал
- За фил
- 400 мл вода или растително млеко
- 4 лажици шеќер
- 4 лажици густин
- 100 гр кокосово брашно
- 3 лажици чоколаден крем
Подготовка
Натура кокосов колач, едноставен за подготовка....
Подготовка
1. Бисквитите и муслите ги мелеме во Нутрибулет/блендер.
2. Додаваме кокосов путер и сок од портокал.
3. Ја соединуваме смесата и ја распредуваме во сад.
4. Во дел од водата раствораме шеќер и густин.
5. Остатокот од водата или млекото ги ставаме да зовријат, па го ставаме растворениот густин.
6. Мешаме до згуснување, па го додаваме кокосовото брашно.
7. Откако филот малку ќе подизлади додаваме посен чоколаден крем.
8. Го распоредуваме филот врз претходно подготвената подлога.