Испечати

Торта со суво овошје и чиа семе (посно)

Торта со суво овошје и чиа семе (посно)

Состојки

  • 100 гр Натура мусли со тропско овошје
  • 100 гр лупен портокал
  • 150 гр мелени бисквити
  • 1 лажица полна Натура чиа семе
  • 5 суви сливи
  • 50 гр бело суво грозје
  • 3 лажици мед
  • 2 лажици кокосов путер

Подготовка

Енергетска мини торта или колач...

Подготовка
1. Ги мелеме муслите во нутрибулет или блендер.
2. Портокалот заедно со сувото овошје, чиа семето, медот и кокосовиот путер исто ги мелеме во нутрибулет.
3. Сите состојки ги соединуваме и смесата ја распоредуваме во мини калап со обрач.
4. Оставаме да се излади и да се соединат вкусовите.
5. Декорираме со чоколаден прелив, бадеми и чоколадни трошки.