Испечати

Цимет бомбици со слатка пченица (посно)

Цимет бомбици со слатка пченица  (посно)

Состојки

  • 200 гр варена пченица
  • 5 лажици Натура кафеав шеќер
  • 1 лажица таан
  • 1/2 банана
  • 3 лажици Натура мусли со тропско овошје(сомелени во Нутрибулет)
  • 100 гр мелени ореви
  • 100 гр бисквити посни
  • кора од 1 портокал
  • 1/2 лажичка цимет
  • За валкање
  • Натура кафеав шеќер
  • цимет по вкус

Подготовка

За љубителите на цимет ова се едни собено вкусни бомбици... Повелете рецепт.

Подготовка
1. Ја вариме пченицата и ја засладуваме со кафеав шеќер.
2. Заедно со бананата ја ставаме во блендер или Нутрибилет да се сомеле и соедини.
3. Ги додаваме останатите состојки па формираме бомбици.
4. Ги валкаме во кафеав шеќер во кој сме додале цимет.

Забелешка
Пченицата откако ќе ја свариме ја процедуваме од вишокот вода.
По потреба додаваме бисквити ако ни е премногу влажна смесата.