Мини крофнички со фил од путер од кикирики (посно, апарат за крофни)
Состојки
- 300 мл вода
- 200 гр Натура кафеав шеќер
- 400 гр брашно
- 100 гр Натура мусли со тропско овошје (сомелени во Нутрибулет)
- 1 пециво
- 7 лажици масло
- 5 лажици мармалад од сливи или по ваш избор
- За фил
- 6 лажици путер од кикирики
- 1 шољичка шеќер во прав
- 2-3 лажици вода или растително млеко
- За декорација
- сечкани бадеми во лист и рендано чоколадо
Подготовка
Слатки посни крофнички, на кои сите домашни им се израдуваа особено поради вкусот на филот.
Подготовка
1. Сите состојки за смесата за крофнички ги соединуваме со миксер..
2. Го загреваме апаратот за крофни и го премачкуваме со масло. Смесата која сме ја ставиле во шприц ја нанесуваме во местата каде ќе се печат крофничките.
3. Затвораме, печеме па ги филуваме.
4. За филот гисоединуваме состојките ги ставаме во кесичка или шприц со тесен отвор и ги филуваваме крофните.
5. Декорираме по желба и вкус.
Забелешка
Густината на филот зависи од путерот од кикирики, па затоа калкулирајте со шеќерот во прав и водата.