Испечати

Бомбици со брусница (посно)

Бомбици со брусница (посно)

Состојки

  • Состојки
  • 100 гр брусница од Натура
  • 100 гр мелени ореви
  • 150 гр мелени бисквити на Винчини
  • 4 лажици овесни снегулки од Натура
  • 125 гр маргарин
  • 200 гр посна бела чоколада
  • 4 лажици мармалад од кајсија

Подготовка

Едноставни, посни колачиња.
Мелените ореви, мелените бисквити и овесните снегулкиги ставаме во еден сад.Им додаваме мармалад од кајсија. Се додава и брусницата и се заедно се меша.
На оган ставаме 125 грама маргарин и 100 грама бела посна чоколада да се стопат.Откако ќе се стопат се додава врз смесата од бисквити,ореви и овесни снегулки.Смесата се меша и се прават бомбици.Се ставаат на кратко во фрижидер.За тоа време се топи 100 грама бела чоколада и 2 лажици маргарин.Бомбиците се валкаат во белата чоколада и се посипуваат со сечени ореви.