Фахита со телешки бифтек и зеленчук
Состојки
- 300гр телешки бифтек
- за маринирање
- 1/2 лажиче сенф
- 1/4 лажиче бибер
- 1/4 лажиче зачин
- 1 лажица маслиново масло
- дополнително
- зрна од калинка
- млад кромид
- марула
- свежа брокула
- лута, чили пиперка
- помфрит
- 1 печена црвена пиперка, исцепкана
- малку мајонез или прелив за салати
- 2-4 готови тортиљи со спанаќ
Подготовка
Телешкиот бифтек го сечиме на тенки ленти.
Ги ставаме сенфот, маслото, сол, бибер и зачин.
Промешуваме и оставме да се маринира 1 час.
Сега целиот зеленчук го миеме и го сецкаме на парчиња.
Во вок тава ставаме една лажица маслиново масло и го става ме бифтекот да се запржи, кратко.
Тргаме од оган.
Земаме една тортиља, ставаме сецкана марула, сецкана брокула, чили пиперче, ленти печена пиперка, парчиња пржен телешки бифтек, помфрит, од апаратот за готвење со топол воздух, зрна калинка, мајонез....
По желба или ја роламе или ја послужуваме отворена.
Сервираме топло