Солена брза пита со сирење и спанаќ
Состојки
- 3 јајца
- 3 филџани масло
- 3 филџани брашно
- 4 филџани палента
- 1 пециво
- 1 лажичка сол
- 200 гр дробено сирење
- 200 гр свеж исечкан спанаќ
- 4 филџани кисела вода
Подготовка
Брза едноставна и вкусна солена пита која често се наоѓа на нашата трпеза.
Во длабок сад ги ставам сите состојки одеднаш (јајца, брашно, масло, кисела вода, пециво, палента) и сето тоа заедно ги миксирам.
Потоа им додавам дробено сирење и исечкан спанаќ и ги мешам со шпатула.
Ја истурам смесата во подмачкана тепсија поросувам со сусам и печам на 200С-35мин.
Филџан 125мл