Пита со вишни
Состојки
- Крем
- 500 гр вишни
- 4 лажици шеќер
- 2 лажици нишесте
- Тесто
- 100 мл масло (1 филџан)
- 2 јајца
- 150 гр маргарин
- 150 гр шеќер
- 1 пециво
- 1 ванила
- 500 гр брашно
Подготовка
1. Се става во длабок сад брашното и во него се додава растопениот маргарин,јајцата,пецивото,маслото и шеќерот.Убаво се меси и се дели на два еднакви дела.Еднито дел се расплескува во тава бр,28 па се додава филот и одозгора се става другото тесто.Било да го рендате,било да правете срциња сеедно нема да згрешите зошто е превкусна.
2. За филот се ставаат вишните со малку вода и шеќерот и се вари.Се додава нишесте измешано со филџан вода и се вари во вишните. Потоа вишните се блендираат .
3. Питата се печи на 180С-40 мин.Се поросува со прав шеќер.Добар апетит.
ПС-Може да се направи со мармалад од смокви,капини ,вишни ,јагоди сливи ,кајсии...Секако е вкусна .Се сечи убаво кога е малку оладена.