Испечати

Манастирски колач (посно)

Манастирски колач (посно)

Состојки

  • 400 гр гриз
  • 300 гр брашно
  • 100 мл масло
  • 300 мл вода
  • 1 супена лажица сода бикарбона
  • 5 супени лажици домашен маџун без шеќер
  • 1 кора од портокал
  • 50 гр ореви
  • 50 гр брусница Натура
  • 2 супени лажици џем
  • 1 кафена лажица цимет

Подготовка

Уживање во секој залак...

Подготовката е многу лесна и нема да ви одземе многу време

1. Најпрво убаво измешајте ги сувите состојки - гризот, брашното, содата, сецканите ореви, брусницата од Натура, циметот и изренданата кора од портокал.
2. Потоа додадете ги течните состојки и матете со миксер.
3. Смесата ставете ја во тава обложена со хартија за печење и печите околу 20 минути на 200 степени.
4. Колачот декорирајте го по желба
Добар апетит