Мисиркино месо со пуканки од карфиол (хроно)
Состојки
- 500 гр карфиол
- 1 лажичка куркума
- ½ лажичка морска сол
- 1 лажица сув или свеж магдонос
- 2 лажици маслиново масло
- 1 лажица свежо насечкан лук
- 500 гр мисиркино месо
- 1 лажица куркума
- ½ лажичка бибер
- 1 лажичка свежо насечкан лук
- 1 лажица сув или свеж магдонос
- Сол по вкус
- Други зачини по вкус
Подготовка
Мисиркиното месо го ставаме да се свари, јас обично тоа го правам во делимано експрес лонецот. Откако ќе се свари на 2-3 лажици свинска маст го ставаме месото на средна до силна температура да се динста, па пржи. Во меѓувреме ставаме зачини. Го упржуваме убаво, да се двои месото како на конци. Карфиолот го цепкаме на цветчиња. Го ставаме во тава, го попрскуваме со маслиново масло и го посолуваме. Го ставаме во рерна на 180-200 степени, со вентилатор и го оставаме 20-30 минути да омекне. Потоа го вадиме го посипуваме со лук и магдонос и продолжуваме со печење. Го печеме додека не омекне или ако сакате да биде малку крцкав (како пуканки) не го печете многу.
Забелешка
Можете да користите и лук во гранули на место свеж лук.