Куглов Натура
Состојки
- Глазура
- 150 гр црна чоколада
- 50 гр бело чоколадо
- куглов
- 125 гр маргарин
- 1/2 литар вода
- 2 пудинга од ванила
- 100 гр чоколадо
- 100 гр толчени ореви
- 100 гр овесни трици Натура
- 100 гр суво грозје
- 100 гр желе бонбони
- 25 парчиња посни бисквити (250 гр)
- 1 шоља шеќер(200мл)
Подготовка
1.Во длабок сад се кршат бисквитите,се додаваат триците овесни,сувото грозје,сечканите желе,оревите и ренданото чоколадо.
2. Во друг сад се става водата со шеќерот да зоврие и се додава пудингот.Веднаш се става маргаринот и кога ќе се растопи се мешаат сувите состојки(бисквити,овес,ореви,.....)
3. Во куглов се става најлонска фолија и се додава топлата смеса.Се притиска со лажица наводената и се покрива со фолијата.Се остава да олади.
4. Кога ќе олади се превртува и се глазира со чоколадна глазура. Добар апетит!