Испечати

Медаљони со сирење

 Медаљони со сирење

Состојки

  • околу 1 кгр брашно
  • 1 свеж квасец
  • 2лажички шеќер
  • 3 лажиче сол
  • 400мл топло млеко
  • 200мл масло
  • 1 пециво
  • полнење
  • 200гр сирење
  • 2 белки
  • За премачкување-2 жолчки,
  • Сусам за одозгора.

Подготовка

Медаљониве се како памук.
Многу убаво тесто за работа е, и многу се меки, вкусни...
Топла препорака да ги подготвите.

Во топлото млеко го ставме шеќерот, лажиче брашно и квасецот.
Промешуваме и оставаме да се активира.
За тоа време ги соединуваме дробеното сирење и белките.
Тука по сопствен вкус може да се додаде оригано, буковец....
Во вангличка ги ставаме активираниот квасец, сол, масло, пециво.
Промешуваме и додаваме постепено брашно.
Замесуваме средно меко тесто.
Го покриваме со прозирна фолија и оставаме да се дуплира.
Втасаното тесто го делиме на половина, формираме две топки.
Од секоја топка расукуваме кори со дебелина, одприлика на 4-5 мм.
Со помош на чаша за млеко вадиме кругови.
Ги редиме во два плеха,
Сега со дното на мала ракиена чашка во средината на секое кругче правиме мало кругче.
Со четка ги премачкуваме краевите на кругчето со жолчки, во кои може да се додаде и малку масло , за сјај.
Посипуваме сусам.
Во средината ставаме фил од сирење.
Ја уклучуваме релната да се загрее, а за тоа време медаљоните ќе втасаат.
Ги печиме одприлика по 20 минуути, на 200 степени, односно додека не заруменат.
Врз плеховите, од кога се испечени медаљоните ставаме чиста кујнска крпа .
Така нека одстојат по 5 минути.
Потоа го сервираме ова превкусно пециво.