Крекери со семиња
Состојки
- ¾ шоља мелени семки од тиква
- ¾ шоља овесни снегулки
- ½ шоља семки од лен
- ½ шоља сусам
- ½ шоља сончоглед
- 1 и ½ лажичка сол
- ¼ шоља маслиново масло
- 2 шољи брашно
- 1 лажица пециво
- 1 шоља вода
Подготовка
Рерната ја загреваме на 190 степени. Во еден сад ги ставаме сувите состојки, па влажните. Замесуваме топка од тесто, во која по потреба доставаме вода. Ако треба повеќе вода доставаме, ако ни е пак многу влажна доставаме брашно. Од смесата кинеме парчиња и на набрашнета површина сукаме лист од тестото и со калапчиња вадиме форми. Може и со нож да се сечат формите, оставам на вас вие како сакате. Формите ги редиме на намрсено тавче и ги печеме околу 15 минути.
Забелешка.
Тестото е доста влажно па можете н да го истенчите и помеѓу два листа хартија за печење која исто така ќе ја набрашниме. Шољата е од 250 мл. Добро е да се печат и на хартија за печење. Откако ќе се испечат и изладат чувајте ги во метална кутија.