Англиски сендвич со јајце и туна
Состојки
- 4 кришки леб
- 2 јајца
- 100 гр туна
- 1 патлиџан
- 1 кромид
- по потреба кечап
Подготовка
Лебот испечете го на тостер.
Јајцата испржете ги.
Лебот премачкајте го со кечап, врз него ставете јајце, патлиџан, ставете парче леб, врз него ставете туна и кромид, на крај покријте со парче леб. Сендвичите исечете на пола на триаголни парчиња. Сервирајте во чинија и украсете со младо кромидче.
Добар апетит!