Какао крофни (апарат за крофни)
Состојки
- 2 јајца
- 7 лажици кафеав шеќер
- 1 лажичка ванила екстракт
- 2 лажици полни свинска маст
- 150 мл јогурт
- 1 пециво
- 2 лажици полни какао
- 10-12 лажици полни брашно
Подготовка
Јајцата заедно со шеќерот и ванила екстрактот ги матиме со миксер, малку да се зголеми волуменот. Ги додаваме јогуртот и свинската маст. Брашното, какаото и пецивото ги додаваме кон смесата и пак матиме со миксерот до соединување. Треба да добиеме смеса која е густа како пудинг. Во загреаниот апарат за крофни со помош на шприц или лажичка ставаме од смесата го затвораме апаратот и по 3-4 минути крофничките ни се готови. Служете ги со чоколаден крем, шеќер во прав или по желба и вкус.