Брускети со маскарпоне и сончоглед
Состојки
- 1 мал багет
- 2 полни лажици маскарпоне
- 2 лажици пармезан
- 1-2 лажици тостиран и толчен сончоглед
- малку лук во гранули
- по вкус никулци
Подготовка
Лебчето исечете го на половина во должина.
Ставете го на тостер да се тостира.
Во сад измешајте ги маскарпонето, пармезанот, тостираниот и истолчен сончоглед и лукот во гранули.
Посолете по вкус.
Измешајте убаво и премачкајте ги тостираните лебчиња.
Одозгора нанесете по желба никулци.