Мини брускети со путер, кари и сирење
Состојки
- 4 тост лебчиња
- 100 гр сирење
- 100 гр кашкавал
- една лажица диво оригано
- 1 лажица кари
- 4 мали лажици путер
Подготовка
Секое тост лебче го сечиме на 4 еднакви дела
Ги премачкуваме со путер, одозгора рендаме на ситно сирење и кашкавал.
Зачинуваме со кари и диво оригано
Ги редиме во набрашнето тавче и печиме на 250 степени 5 минути
Добар апетит!