Испечати

Чоко - триаголник

Чоко - триаголник

Состојки

  • Мерата е чаша од 200мл
  • 1.5 чаша брашно
  • 1 чаша шеќер
  • 1.5 чаша млеко
  • 3 лажици масло
  • 5 лажици мармалад од вишни
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 1 лажичка цимет
  • 1 лажичка какао
  • Чоколадна глазура
  • 150 гр чоколада
  • 4 лажици масло
  • 4 лажици млеко
  • Премаз за во средина на колачот
  • 5 лажици мармалад од вишни
  • 100 гр рендана чоколада

Подготовка

1. Сите суви состојки за тестото се спојуваат и се миксираат додавајки постепено од сите течни состојки.
Вкупно од смесата е 800мл. Се дели смесата на половина и се става во плех 25Х35см подмачкан со масло и набрашнет. Се печи на 180С 10мин .
2. Се вади тестото и врз него се става мармаладот и ренданото чоколадо.Потоа се истура преостанатата смеса и се допекува уште 15мин.
3. Кога ќе олади колачот се прелива со глазура.