Испечати

Грашок со печурки шампињони (посно)

Грашок со печурки шампињони (посно)

Состојки

  • 1 кромид
  • 2-3 лукчиња
  • 1 пиперка
  • 400 гр грашок
  • 400 гр свежи шампињони
  • 1 лажица сушен зеленчук
  • 1/4 лажичка бибер
  • 2 прстофати зачин за гиро
  • 1/2 лажичка буковец
  • 1/2 лажичка мешан сув зачин
  • Сол и масло по потреба

Подготовка

За време на пости ова е ручек со ,,месо„, ама шумско месо, така се шегуваме дома.

Подготовка
1. Кромидот, лукчето и пиперката ги сечкаме и ги упржуваме на масло на средна температура дедека да омекнат.
2. Го ставаме грашокот и сушениот зеленчук, налеваме вода и го динстаме.
3. Водата треба да испари и да ни остане сосема малку.
4. Ги ставаме зачините по желба и вкус.
5. При крајот откако е сварен грашокот со рачен блендер на едно место само го блендираме грашокот колку да ни згусне, а да не правиме запршка.
6. Печурките ги сечкаме на четвртини и на масло ги ставаме да се упржат.
7. Откако ќе се испржат додаваме бибер, гиро зачин, буковец, мешан сув зачин или сол, и други зачини по вкус.

Забелешка
Ако сте во брзање може да користите грашок од конзерва, во тој случај за многу побрзо време ќе се подготви ручекот. Пржењето на печурките го започнувам со сончогледово масло, ама доставам при крај и маслиново, така ми имаат поубав вкус.