Гиро со маринирано месо
Состојки
- 1 кг свински пафлак
- 500 гр пилешки гради
- За маринада
- 3-4 лажици зачин за гиро
- 5-6 лажици балсамико оцет
- 2 лажици црвен пипер
- 1 лажица лук во гранули
- 1 лажичка бибер
- неколку лажици масло
- 2 лажици сушен кромид
- Сенф да се премачка целото месо
Подготовка
Кога нема услови за пикник ние вака се снаоѓаме, скара по дома се вика ова.
Подготовка
1. Во месото ги втрлуваме сите состојки за маринадата. Го оставаме месото во сад со капак да отстои една ноќ во фрижидер.
2. Следниот ден месото го сечеме на парчиња со соодветна големина за да може да се наредат на шипката од апаратот за подготовка на домашно гиро.
3. Го редиме месото на гиро апаратот, ред пафлак, ред пилешко.
4. Го вклучуваме апаратот да врти и си уживаме во салата и ракија додека месото се пече.
5. По 30 до 40 минути со нож го сечкаме првиот надворешен слој од месото кој е печен. 6. Го оставаме да се пече и така секој нареден слој го сечкаме.
7. Сечканото месо го сервираме на тортиља со пржен компир, зелена салата, ѕаѕики сос и зачини по вкус.