Испечати

Клуб сендвич

Клуб сендвич

Состојки

  • 3 парчиња тост леб
  • чајна салама
  • неколку парчиња шунка
  • две парчиња ементалер
  • листови марула
  • за премачкување
  • путер и мајонез

Подготовка

Клуб сендвичите ни се омилена вечера, а може да послужат како одлично мезе за ненајвени гости.
Земаме три парчиња тост леб и двете парчиња од едната страна ги премачкуваме со путер, а парчето што ќе биде во средина од двете страни го мачкаме со мајонез.
На првото парче тост ставаме чајна, па парче ементалер и лист марула. Преклопуваме со тостот намачкан со мајонез па ставаме шунка,ементалер и лист марула.
Сендвичот го сечеме дијагонално и послужуваме.