Галети со просо и ржано брашно (хроно)
Состојки
- 4 лажици брашно од просо
- 5 лажици интегрално ржано брашно
- 1/4 лажичка сол
- 1 лажица маслиново масло
- 1 лажица сусам
- 1/2 лажичка ким
- 1/2 кесичка пециво
- 100 мл кисела вода
Подготовка
Го вклучуваме апаратот за вафли.Сувите состојки ги промешуваме. Со лажица мешаме и ја додаваме киселата вода. Мешаме до соединување. Ставаме од смесата во апаратот за вафли. Печеме неколку минути до нежно поцрвенување на галетите.
Забелешка
Просото го мелам до брашно во Нутрибулет.