Испечати

Леден чизкејк со малини (посно, сурово, веган)

Леден чизкејк со малини (посно, сурово, веган)

Состојки

  • За подлога
  • 80 гр лешници
  • 100 гр урми
  • 2 лажици мед
  • 1/2 лажичка цимет
  • прстофат сол
  • 1 лажица какао путер
  • За крем
  • 250 гр индиски ореви
  • 3 лажици мед
  • 3-4 лажици кокосов путер
  • 1 лажица шеќер со ѓумбир и портокал
  • 30-50 мл вода
  • 2 лажици оризово млеко во прав
  • 200 гр малини

Подготовка

Подготовка
1. Индиските ореви ги миеме па киснеме во вода неколку часа.
2. За подлогата сите состојки ги ставаме во нутрибулет или друг блендер и ги мелеме. 3. Ги распоредуваме на силиконска тава или на најлонска фолија во тавче.
4. Сите состојки за кремот ги ставаме во нутрибулет и мелеме додека да ни се направи кремот со мазна структура.
5. Го распоредуваме врз подлогата и ги редиме малините врз кремот.
6. Го оставаме во замрзнувач да се стегне.
7. Пред да го послужиме го вадиме некои 10-15 минути од замрзнувач.

Забелешка
Индиските ореви ги ставам од вечер и наутро го правам десертов. Ако немате какао путер и не ставајте, може да се врзе смесата за подлога и без него. Големината на тавчето ни е околу 10х20 см, а јас овој пат правев мали тортички кои ги ставав во округли калапчиња. Медот или засладувачот кој ќе го ставате од вас зависи која количина ќе ја ставате односно колку вие сакатеда ви биде благ десертот. Јас си пробував и ова е за мене идеална количина на мед, па во рецептот колку сум ставала толку сум напишала. Ако го замените медот со агаве сируп или друг засладувач десертов ќе биде и вегански. Ставив од овој ситен шеќер што го имам во кој има и ѓумбир и кора од портокал и кој има многу убав вкус.А ако немате ваква варијанта, можете да си изрендате малку од свеж ѓумбир и кора од портокал или пак ѓумбир во прав и мелени аранчини или пак наједноставно ставете сок од лимон и изрендајте по вкус кора од лимон. Млекото што ќе го ставите може да биде бадемово или некое друго растително што си го користите вие.