Полнети јајца со крем сирење и кисела павлака
Состојки
- 3 варени јајца
- 70гр крем сирење
- 1 лажица полна кисела павлака
- 1/4 лажиче сенф
- сол и бибер по вкус
Подготовка
На тврдо варените јајца им ги одстрануваме жолчките во еден сад.
Тука додаваме сенф, сол, бибер, кисела павлака и крем сирење.
Убаво ја изедначуваме цела смеса.
Смесата ја ставме во готварски шприц и ги полниме белките.
Декорираме со свежа краставица, ротквица, малку бибер.
Сервираме заедно со другото подготвено предјадење.