Јогурт слатки крофни (апарат за крофни)
Состојки
- 2 јајца
- 1 ванилин шеќер
- 4 лажици кафеав шеќер
- 125 мл јогурт
- 2 лажици полни свинска маст
- 1 пециво
- 12 лажици полни брашно
Подготовка
Уште апарат за крофни немав во „покујнината“. Е па сега го имам. Жива среќна одма се ставив во работа и излезе вкусотијава. Па се правеше дупла доза. Мислам дека уште мноогу рецепти ќе излезат зошто варијации може да се прават безброј. А крофничките вкусни, вкусни...нема пржење, масло...
Подготовка
1.Јајцата заедно со шеќерите се матат колку да се соединат.
2. Се додаваат свинската маст и јогуртот.
3. Брашното и пецивото ги спојуваме па ги додаваме кон течната смеса. Матиме со миксер до соединување.
4. Апаратот за крофни може и да ни се загрева додека да ја правиме смесата. Во загреаниот апарат ставаме од смесата затвораме и печеме 3-4 минути.
Забелешка
Печењето на крофничките зависи од апаратот или какви вие ги сакате. Ако сакате покрцкава коричка печете ги подолго. Од смесата во апаратот истураме со шприц или смесата ја ставаме во кеса на која и правиме мал отвор од кој ќе истекува. Многу брзо ги полниме калапчињата за крофнички за да не ни се запечат многу од долу. Затвораме и чекаме додека да се испечат.