Испечати

Ладен сендвич со јајце на око

Ладен сендвич со јајце на око

Состојки

  • 3 парчиња тост леб
  • 2 лажици кајмак
  • 2 листа зелена салатка
  • 4 листа тост шунка
  • 1 помал домат
  • 1 парче свежа краставица
  • 1 јајце

Подготовка

Сите три парчиња тост леб премачкајте ги со кајмакот. Средното и од двете страни.
Во чинија ставете го првото и врз премачканата страна ставете еден лист салатка.
Врз неа е круг тенко сечен домат и 4 круга (овали) сечена краставица.
Врз сето тоа ставете 2 парчиња тост шунка свиткани на половина.
Поклопете со второто парче и повторете ја постапката.

На многу малку загреано масло во тефлонска тава ставете го јајцето и испржете го „на око“.
Ставете го врз третото парче тост леб премачкано со кајмак.
Украсете или сечете го на парчиња по желба и послужете.