Испечати

Овесни бомбици со мед

Овесни бомбици со мед

Состојки

  • 1 банана
  • 2 лажици мед
  • 2 лажици путер од кикирики
  • 300 гр овесни снегулки
  • 50-60 гр мешавина брусница, суво грозје
  • 10 урми без семка
  • Кора од 1 лимон
  • 60-100 мл јаболков сок

Подготовка

Слатка енергетска бомбица, посна, вегетаријанска. Овесните снегулки ги мелеме во Нутрибулет. Ги тргаме на страна. Сите останати состојки освен кората од лимон, ги ставаме исто во Нутрибулет и ги мелеме. Смесата ја соединуваме со овесните мелени снегулки, ја додаваме ренданата кора од лимон во смесата. Формираме бомбици и ги валкаме по желба.