Колач со путер од кикирики и чоколадо
Состојки
- 2 јајца
- 150 гр путер од кикирики
- 200 мл млеко
- 2 лажички ванила арома
- 280 гр брашно
- 150 гр шеќер
- 1 пециво
- 100 гр чоколадо
Подготовка
Овој миризлив колач колку повеќе стои толку е поубав...Ама кој да го чека...
Подготовка
Ја загреваме рерната на 180 степени. Путерот од кикирики го матиме со јајцата. Додаваме ванила екстракт, па млекото. Сувите состојки (брашно, шеќер, пециво) ги соединуваме, па ги додаваме кон течните. Матиме со миксер, а може и со лажица да се соединат. На крајот го додаваме и ренданото чоколадо. Соединуваме и смесата ја истураме во намрсено и набрашнето тавче или силиконски калап. Печеме до поцрвенување, околу 20 минути и пробуваме со чепкалка дали е печен( ако е сува, печен е).