Проја со сирење
Состојки
- 200 гр сирење
- 1 лажиче сода
- 0,5 лажиче сол
- 1 прашок за пециво
- 2 шољи зејтин
- 3 шољи млеко
- 3 шољи бело брашно
- 3 шољи пченкарно брашно
- 3 јајца
Подготовка
Наведените состојки се мешаат и на крај се става прашокот за пециво и содата. Во смесата се додава и сецканото сирење, но може и друго нешто по желба, на пр. спанаќ, праз, шунка итн.
Тавче бр. 26 се премачкува со маргарин или зејтин и смесата се истура во него.
Се пече на 200 степени околу 30 минути.