Испечати

Чоко бадем чизкејк

Чоко бадем чизкејк

Состојки

  • За тесто
  • 2 јајца
  • 2 лажици брашно
  • 2 лажици шеќер
  • 1 лажица масло
  • 1/2 пециво
  • За фил
  • 150 гр бадеми
  • 100 гр шеќер во прав
  • 250 мл слатка павлака
  • ½ лажичка ванила екстракт
  • 400 гр маскарпоне
  • 10 гр желатин
  • Чоколадна глазура
  • 100 гр млечно чоколадо со карамел полнење
  • 100 мл слатка павлака
  • За бомбици
  • 100 гр путер од кикирики
  • 50 гр бадеми (лупени, сечкани или во лист)
  • 50 гр мелени бисквити
  • 1 лажица мед
  • 2 лажици слатка павлака

Подготовка

Мои рецепти, постојано не инспирирате да создаваме нови деликатеси во нашите кујни. Така произлезе и овој вкусен чизкејк. Освен што чизкејковите ни се фаворит во десертиве секој нов рецепт е сепак ново доживување и посебна радост за непце. Уживајте и вие во оваа вкусотија!
Подготовка
1. Јајцата со шеќерот ги матиме со миксер. Кога се згуснати додаваме брашно, пециво и масло. Промешуваме и смесата ја ставаме во калап (претходно намрсен и подмачкан со масло) бр.22-24 да се пече на 180 степени околу 10 минути или пробуваме со чепкалка дали е печен.
2. Бадемите ги потпекуваме во рерна, па ги мелеме. Заедно со 250 мл слатка павлака, шеќерот во прав, маскарпонето и ванила екстрактот ги соединуваме со матење, до згуснување..
3. Желатинот го ставаме во 20-30 мл вода да се раствори, го ставаме да се растопи. Го додаваме постепено кон смесата со маскарпоне и интензивно матиме да се соедини.
4. Оваа смеса ја делиме на два дела. Еден дел ставаме врз печениот пандишпан, оставаме да се стегне малку во замрзнувач. Во втората смеса рендаме 50 гр црно чоколадо, па откако ќе се стегне првиот дел од филот го нанесуваме овој фил со чоколадо. Оставаме во замрзнувач да се стегне.
5. Чоколадото заедно со слатката павлака ги ставаме на средна температура да се соединат. Со чоколадната глазура го прекриваме чизкејкот. Оставаме да се лади во фрижидер.
7. За бомбиците ги соединуваме сите состојки и формираме бомбици со големина по
желба.