Испечати

Запеканки со моцарела

Запеканки со моцарела

Состојки

  • 8-10 парчиња леб
  • За фил
  • 2 јајца
  • по потреба сол
  • 2 лажици јогурт
  • 100 гр шунка
  • 100 гр кашкавал
  • 100 гр печурки
  • 1 лажица кајмак
  • 2 лажици кечап
  • оригано, магдонос и црн бибер по вкус
  • 50гр путер
  • По потреба парчиња моцарела

Подготовка

Парчињата леб ги сечеме на парчиња, ги премачкуваме тенко со путер од двете страни и ги редиме во ростер тава.

Во еден сад ги ставаме јајцата, солта, црниот пипер и ориганото. Кратко ги матиме со вилушка. Ги додаваме сецканите шунка, кашкавал, печурки и сецкан црвен домат. Ги додаваме јогуртот, магдоносот и мешаме убаво.

Врз секое парче ставаме по 2 лажици од филоти врз филот ставаме моцарела.

Тавата ја ставаме во загреана рерна на 200 степени и печеме околку 25 мин, додека не заруменат.

Ги сервираме топли со чаша јогурт.