Испечати

Винчини десерт во чаша (без печење)

Винчини десерт во чаша (без печење)

Состојки

  • Основа
  • 60 гр мелени Винчини бисквити
  • 60 гр искршени Винчини наполитанки
  • 50 гр путер
  • Крем
  • 250 мл слатка павлака
  • 100 гр крем сирење
  • 100 гр бело чоколадо
  • 1 лажица шеќер во прав
  • 1 лажица ванила арома
  • Јаболка
  • 3 средни јаболка
  • 50 гр смеѓ шеќер
  • 50 гр путер
  • 1 лажиче цимет
  • сок од 1/2 лимон
  • Ореви
  • 50 гр ореви
  • 50 гр шеќер

Подготовка

Мелените бисквити, искршените наполитанки и мекиот путер убаво измешајте ги со рака и поделете ја смесана на дното од чашите. (кај мене 6 помали чаши)
Белото чоколадо стопете го. Избијте го крем сирењето со шеќерот и ванилата па постепено додавајте од чоколадото и павлаката, да се добие убав крем. Распоредете го во чашите.
Јаболката исечете ги на ситни парчиња. Шеќерот малку карамелизирајте го и додајте го путерот, промешајте и додајте ги јаболката и циметот. Нека подинста околу 5 минути. Кога ќе се олади ставете во чашите.
Оревите карамелизирајте ги во шеќерот и кога ќе се олади или искршете ги или кратко изблендирајте ги, па наросете над јаболката.
Уживајте!